Search
среда 8 април 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Предвремени избори, 2020 Дпмне со бомбите пука во нога Ама дуи, пука директно во глава

Македонија

Заболени
599
Мртви
26
Излечени
30
Активни
543
Last updated: 08/04/2020 - 08:40 (+02:00)

Предвремени избори, 2020
Дпмне со бомбите пука во нога
Ама дуи, пука директно во глава

Иако пред само една недела најавив дека Заев е свесен од разочарувањето на терен, од пцовките кои му ги упатуваат хардкор сдсмовци во коментари, свесен дека и кај албанците не поминува добро, Арачиново од 3000 гласа, не можеше 100 луѓе да собере, па дури и еден постар чичко директно му кажа ( парафразирам, не е цитирано ): За какви милиони зборуваш, јас немам 100 евра во џеб, ти ми зборуваш за милиони.
Иако Пртседателските требаше да му бидат репер на Заев дека некаде многу утна, тој веројатно убеден во себе си, дека како на почетокот со 49 пратеници ќе му помогнат странците, си продолжи понатаму исто без никакви промени. Арно ама странците сакаа да го тргнат Груевски, и Заев да донесе промени, прогрес и реформи. Народот препозна дека нема ништо од ова и незадоволството ескалира секојдневно.
Немојте да мислите дека Заев не знае за разочарувањето, и иако тогаш нападната, тврдев одговорно дека ќе оди во предизборна коалиција со албанските партии.
И така и биднува, разочарувањето Заев ќе го покрива со 20.000 членство на Биљал Касами, Беса.
Но и тука веќе се јавува проблем со еден многу гладен волк. Мухамед Зекири. Мухамед Зекири, сака да оди како носител на Изборна единица ‘, за како што вели да се ,,пресмета,, со Али Ахмети. Арно ама, па и Биљал Касами не брои на прсти, си седнал си размислил и му вели, кочи малку. Јас носам 20.000 гласови, каде ти рипаш пред мене!
И сега гладниот Мухамед Зекири, кој вчера се појави во партијата и не е појавено толкаво искачување во сдсм за период од една година како неговото, сакаат да го стават добитен ама на трето место во Изборна единица 2.
Инаку Мухамед Зекири, е ,,виновникот,, што пресече за Чаир да има претставник за градоначалник од дуи, со сдсм поддршка а не да има сдсм претставник како што тоа беше во Арачиново. Жителите на Чаир, и гласачи уште тогаш беа во хаос ама ајде атер нли на Заев гласаа за дуи, и дуи бидна.
Е сега истиот тој Мухамед Зекири ќе се ,,пресметувал,, со дуи и ќе ги победел. Истиот тој кој цело време игра дволично.
Како бре за Влада ви требаа дуи, сега Мухамед не ви требаат и ќе се пресметувате?
Како бре за Претседателски избори, кога дпмне направи резултат со виткање на кичма, ги грлевте и бацувавте од дуи, затоа што ви извадија резултати за да победи Стево?
ДУИ на овие избори вади 14+ пратеници. Прво ќе си ги врати незадоволните албанци што гласаа за сдсм, второ ќе добие за прв пат и македонски гласови затоа што вработува македонци и трето со прекројувањето на изборните единици, губат еден а добиваат три.
Другар Заев, вмро дпмне со бомбите ќе ви пука во нога.
Ама дуи ќе ви пука во глава.

loading...