Search
петок 24 мај 2019
  • :
  • :

ПРАТЕНИЦИ ОД ВЛАСТА ПОВИКАНИ НА РАСПИТ ЗА ИЗБОРОТ НА ТАЛАТ ГО ИЗБРАЛЕ СО 59, А НЕ СО 61 ГЛАС

Foto

Обвинителството за организиран криминал отвори случај за изборот на Талат Џафери за претседател во Собранието, по поднесена кривична пријава од опозицијата. Извори од таму за телевизија 24 брифираат дека за десетина дена се повикани дел од пратениците на распит во обвинителството. Според нашите сознанија предметот се води поради сомнеж за седум кривични дела меѓу кои и велепредавство, насилство спрема претставниците на највисоките државни органи, злоупотреба на службената положба, противзаконито посредување, самовластие. Пријавата ја поднесе здружението на граѓани за почитување на прописите од битола минатата година, еден месец по „Kрвавиот четврток“. Во кривичната пријава се наведени и имињата на сите 67 пратеници од парламентарното мнозинство.

loading...