Search
понеделник 21 јануари 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Повик за бесење на Заев на социјалните мрежи

loading...

На една од ФБ страниците формирани за оцрнување на премиерот Заев, со име ,,Зоран Заев Предавник Број 1“, во тек е кампања и повик за негова ликвидација.

Со фотогтрафија на која над главата на Заев виси бесилка, се повикува на негово бесење на плоштад.

Еве некои од коментарите:

Грст закани и проколнувања на разни ФБ страници

Социјалните мрежи се извор на омраза и нетрпеливост. Формирањето на разни ФБ страници кои шират омраза и повикуваат на линч никој не го контролира. Таму секој може да напише буквално што ќе му текне на ум.

Но, загрижувачки е што истите овие постови или фотографии се споделуваат на ФБ профили на некои професори или интелектуалци кои се против политиките на актуелната влада и нема осуда или било каква реакција од нивна страна.

Да се разбереме иако и ние не се согласуваме со потезите на крај памет не ни паднало да повикуваме на линч во демократска земја во 21 век.

loading...