Свет

После коронавирусот – птичји грип во Кина

Македонија

Заболени
11,554
Мртви
519
Излечени
7,607
Активни
3,428
Last updated: 08/08/2020 - 04:11 (+02:00)

После коронавирусот – птичји грип во Кина

Епидемијата на коронавирусот во Кина сè уште трае, а во меѓувреме во земјата се појави и старо-новата болест птичји грип.

Според кинеското Министерство за земјоделство и рурални работи, птичјиот грип се појавил на една фарма во градот Шаојанг, во покраината Хунан, при што угинале 4.500 кокошки, односно повеќе од половина од вкупниот број живина.

По избивањето на заразата, во овој град угинале речиси 18.000 кокошки.

Министерството наведува дека причина за појавата на птичјиот грип е високо заразниот подтип на грипот Х5Н1.

Од 2003 година досега, од птичји грип починаа 455 луѓе низ светот, покажуваат податоците на Светската здравствена организација. Вкупниот број на птици кои угинаа од оваа болест се проценува на околу 120 милиони.

loading...
Види повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button
Close
Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker