Search
петок 22 март 2019
  • :
  • :
loading...
Најнови Вести

ПОРТАЛОТ СДК: ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО СТРУМИЦА СЕ ГРЕАТ НА НАФТА ИАКО 7 ГОДИНИ ОПШТИНАТА Е ГАСИФИЦИРАНА, АМА СЕГА ЌЕ ПРИТИСКААТ ОТИ ЗАЕВЦИ ИМААТ АИР ОД ОВА

loading...

ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО СТРУМИЦА СЕ ГРЕАТ НА НАФТА ИАКО 7 ГОДИНИ ОПШТИНАТА Е ГАСИФИЦИРАНА

На гасоводната мрежа не е ниту новата зграда за јавна администрација каде се сместени УЈП, Министерството за правда, Катастарот и Одделението за имотно правни работи при Министерството за финансии иако беше изградена пред три години, во периодот кога во Струмица веќе функционираше греењето со гас (Фото: СДК.МК)

Веќе седум години Струмица е гасифицирана општина, но ниту една од државните институции не се грее на гас. Тие и понатаму се греат на нафта иако до нивните објекти со години има дистрибутивна гасоводна мрежа со можност за приклучување. Директорот на ЈП „Струмица гас“ Благој Милановиќ вели дека изминативе години постојано се воделе преговори со раководствата на државните органи во Струмица да се користи овој енергенс и е убеден дека оваа година ќе има приклучувања.

„Во моментов, гасоводната мрежа во Струмица е над 32 километри и скоро до сите државни институции имаме гасоводни краци со простор за приклучоци. Имаме разговори да се приклучат и да го користат гасот. Тука се полицијата, поштата, болницата, музејот, домот на културата, Фондот за здравствено и пензиско. Има интерес и очекуваме оваа година да донесат одлука да се приклучат на гасоводната мрежа“, вели Милановиќ.

Од државните органи во Струмица тврдат дека се размислува за овој тип на греење, но со оглед дека објектите се стари и инсталациите некомпатибилни, мора да прават студија и проекти за да се приклучат на гасоводот во Струмица, на кој се греат околу 350 физички и правни лица.

„Проблем е системот што го имаме за греење и инсталациите. Не одговараат за да може да пристапиме на гас. Нашиот објект е стар и не е енергетски ефикасен. Правиме студија за да констатираме колку ќе чини гасифицирањето за да бараме средства од министерството“, вели Ване Ристов-Патриков, директор на Центарот за култура.

 

 

Со сличен проблем е и струмичката болница, но од таму уверуваат дека новиот крак што се гради ќе биде компатабилен за да се приклучи на гасоводната мрежа. За греење на гас сериозно размислуваат и од струмичкиот музеј и поштата, но нема информација дали годинава ќе ги приклучат објектите на гас.

На гасоводната мрежа не е ниту новата зграда за јавна администрација каде се сместени УЈП, Министерството за правда, Катастарот и Одделението за имотно правни работи при Министерството за финансии иако беше изградена пред три години, во периодот кога во Струмица веќе функционираше греењето со гас. Тогашната Влада не донесе одлука овој нов објект да биде на гас, па ако сега се одлучат ќе мора да се усогласат сите јавни институции сместени во објектот подигнат на поранешната полиција.

За разлика од објектите на државните органи, речиси сите јавни институции под локална капа со години се греат на гас. Тука се училиштата, градинките, општинската зграда и Домот на АРМ што го доби Струмица, библиотеката и локалните јавни претпријатија.

Оваа година „Струмица Гас“ планира да ја прошири мрежата за дополнителни седум километри, но и да се пушти гасоводен крак до селото Дабиле за да може постепено гасифицирање и на населените места за загревање на оранжериите. Гасот во Струмица се увезува во компресирана форма од Бугарија и преку декомпресионата станица се пушта низ дистрибутивната мрежа.

Цената на приклучокот на домаќинствата на гасоводната мрежа во Струмица е околу 600 евра, а Општината веќе неколку години субвенционира 50-на домакинства со по 100 евра за да се приклучат и греат на гас.

ИЗВОР: СДК.МК

СНЕШКО ВО ТИКВЕШИЈАТА

loading...