Search
петок 20 септември 2019
  • :
  • :

Подалеку од народ што нема свест за себе и другите околу себе. Фуј!”

Irena Ilievska
пред 30 мин. ·

“Си одам со точак сабајле накај работа (која и не е така блиску), си поминувам од населба во населба, на моменти мириса на запалено ѓубре, на моменти се гушиш од сообраќај, па проаѓа стар автобус и те става во облак…полниш гради и си поминуваш…и така додека си возам, ми поминува едно прашање низ мисли- што изиграваме ние 5,6 илјади што возиме точаци и електрични тротинети по градов? Каква тоа свест подигнавме и за кого?Цело Скопје се гуши, од сите страни се горат ѓубриња, градот смрди, се возат автомобили-строго по еден човек во едно возило! И така додека си возам и си размислувам, застанувам на семафор и во очи ми паѓа една госпоѓа, облечена во скапа спортска облека, клапната во скап автомобил…па добро бре, госпоѓо, со тој “спортски дух” во себе, пооди малку, џогирај или качи се на точак, па однеси се каде си тргнала…зашто автобус сигурно ќе ти биде “испод част”. Што сме ние што возиме точаци и тротинети? Будали! Зошто? Најпросто-кога возиш или правиш било каква друга физичка активност, ја отвораш плуќата и на неа го “лепиш” целото ѓубре. Ете, затоа, будали. Будали во идејата дека ќе се развие граѓанската свест, дека ќе мрдне некој со прст и ќе превземе нешто по повод гушењето на својот народ и последиците од истото. Подалеку од народ што нема свест за себе и другите околу себе. Фуј!”

loading...