Search
сабота 19 јануари 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Побарана итна седница на Советот на општина Битола од ПОИНАКУ

loading...

Поради обилните врнежи од снег и најавите за многу ниски температури во наредниот период, Советничката групa Поинаку, ја повикува градоначалничката на Општина Битола – Наташа Петровска и претседателот на Совет – Валентин Груевски во текот на денешниот ден да свикаат вонредна седница на Советот на Општина Битола, со една точка на дневен ред:

– Превземање на ИТНИ мерки за справување со алармантната состојба во Битола, поради временската неприлика во која се наоѓа.

Доколку градоначалничката или претседателот не го сторат тоа, ги повикуваме советниците, без разлика на политичка определба да не поддржат во барањето и заедно да побараме вонредна седница на советот.

Ivan Culakoski, Габриела Илиевска

#poinaku #bitolapredse

loading...