Search
среда 17 јули 2019
  • :
  • :

По трипати во неделата креваат исти возила, а тие пак би сакале и во ресторан да влезат со нив

Ниту високите казни за диво паркирање не помагаат да се стави во ред паркирањето на подрачјето на општина Центар. Заради ова, од страна на оваа општина денеска беше најавено дека во наредниот период ќе се преземат порадикални мерки. Целта е во период од една година да се оневозможи дивото паркирање.

– Јас едноставно некогаш не можам да разберам дали луѓето имаат вишок пари. Ни се случува едно возило да го кренеме три пати во неделата. Едноставно не сакаат да се навикнат. Не е тоа дека нема паркинг, туку едноставно на луѓето им е потешко да отидат 20-50 метри. Едноставно сакаат во кафуле или ресторан да влезат со кола, рече градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Инаку, од денеска ЈП „Паркинзи на општина Центар“ доби веб платформа преку која граѓаните онлајн ќе можат да плаќаат дневна паркинг карта, месечен билет и други типови на билети, пријавување на гостинска регистарска табличка и други работи.

loading...