– Најверојатниот исход од таму кажаното ќе биде најавата на Заев, во петок, дека Република Северна Македонија, годинава, оди на предвремени парламентарни избори. – пишува Орданоски.

Контроверзниот коментатор, кој во неколку наврати извлече огромни суми од владата за документарни филмови кои сеуште не ги подготвил, во неговата колумна жестоко ја напаѓа Меркел што не обезбедува датум за почеток на преговори со ЕУ.

Орданоски, општо го напаѓа и западот за некакви лицемерни политики кон Македонија, која го смени името, но поради немање на реформи и лоша дипломатија, по се изгледа нема да добие датум за преговори.

Инаку, Сашо Орданоски иако не е вработен во никоја од безбедносните институции, доби безбедносен сертификат за пристап до строго доверливи државни тајни.

Неговата колумна, можете да ја прочитате на следниот линк.