Search
среда 19 февруари 2020
  • :
  • :

По подолго време во јавност се појави Љубчо Георгиевски – со пура во рака и порака до членството

Фотографија на Nikola Tasev.

Екс премиерот на нашата држава и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, а сега ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, по подолго време се појави во јавност.

Фотографија од еден скопски ресторан, објави неговиот сопартиец и поранешен директор на НИП Нова Македонија, Никола Тасев.

Во описот на фотографијата тој кратко напиша: ,,Подготвени”.

И додека во јавноста се нагаѓа, со кого ќе прави коалиција ВМРО Народна на Љубчо Георгиевски, дали со СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, третата варијанта е да одат сами на избори, сега, во ситуација кога партијата на Љубе Бошковски речиси и да не постои, а Стојанче Ангелов и неговото ,,Достоинство” како да се претопија во владеачкото мнозинство.

Сепак, актуелниот изборен модел во Македонија, не им дава големи шанси на помалите политички субјекти, па така, тие мораат да се приклонат кон едната или другата ,,страна”.

loading...