Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

ПО ПОДОЛГО ВРЕМЕ БРАНКО СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ ВО ДРУШТВО НА ПОРАНЕШНИ ЛИДЕРИ ОД БАЛКАНОТ

Поранешниот македонски премиер и претседател, Бранко Црвенковски, првпат откако е поранешен Претседател на РМ се појави во јавност на политички настан, објави Ако.мк.

Тој е дел од новоформираниот Подгорички клуб, во кој членуваат поранешни премиери и претседатели од регионот. Овој клуб е формиран за да понуди визија за Западен Балкан, како заедничка стратегија за интеграција во ЕУ.

Основачи на клубот се поранешните претседатели на Црна Гора, Македонија и Словенија, Филип Вујановиќ, Бранко Црвенковски и Данило Тирк, поранешниот претседавачки член на Босна и Херцеговина, Златко Лугумџија, како и поранешните премиери на Хрватска и на Србија, Јадранка Косор и Мирко Цветковиќ.

loading...