Search
петок 20 септември 2019
  • :
  • :

Пијана девојка нападнала полицаец и обезбедувач во дискотека

Дваесет и четиригодишна девојка од скопско Стајковци која била под дејство на алкохол, нападнала член на обезбедувањето и полицаец во дискотека во Скопје, инфомира МВР.
Утрово во 05.45 часот во Полициска станица Карпош била приведена Т.Н.(24) од село Стајковци, скопско, бидејќи околу 02.15 часот во дискотека во Скопје физички нападнала лице од обезбедувањето, а при обид за нејзино легитимирање физички нападнала и полициски службеник.
Девојката била во алкохолизирана состојба.

loading...