Search
вторник 12 ноември 2019
  • :
  • :

ПЕНДАРОВСКИ: ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА Е ВЕЌЕ ЗАКАЖАНА ЗА В НЕДЕЛА НА 20-ТИ ОКТОМВРИ

По одлуката на Самитот на ЕУ во Брисел, на прес-конференција излезе и претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, кој изјави дека одлуката не е во рамките на предходните најави на унијата.

– За жал заклучоците на советот не се во согласност со нашите оправдани очекувања и сигурно не се во рамките на претходните најави на самата унија. Ниту една политичка одлука не е за вечни времиња, ниту еден развој на настаните не е конечен. – рече Пендаровски.

Пендаровски додаде дека неспорно сме ги исполниле сите услови за почеток на преговорите со ЕУ. и дека во јуни без други забелешки беше заклучено дека од технички причини, одлуката ќе биде донесена на самитот во октомври

-Сега е најважно ние самите уште еднаш да ги потврдиме нашите позиции во однос на евроатланските интеграции кои немаат одржлива алтернатива. Членството во НАТО ќе се случи наскоро, а членството во ЕУ знаеме одамна нема да биде задача само на една влада, на еден парламент или еден претседател. Убеден сум дека ако го сакаме доброто на сопствената земја единствениот исправен пристап имајќи ги предвид новите околности е да бидеме уште порешителни во трансформацијата на нашето општество. Не треба да бидеме само формални членки на Унијата туку реално да го усвоиме системот на вредности и да гио примениме во секојдневниот живот, рече Пендаровски

Функционирањето на правната држава и справувањето со високата корупција, според Пендаровски се клучни елементи на кои државата мора да работи и да ги подобрува доколку сакаме да сме рамноправни во ЕУ.

– Во името на нашата иднина ги повикав раководствата на најголемите политички партии и сите заедно да ја реафирмираме нашата визија за иднината на земјата. За таа цел испратив покани за лидерска средба до претседателите на најголемите политички партии и од власта и од опозицијата. Од сите поканети добив позитивен одговор и таа средба е веќе закажана за в недела на 20-ти октомври. – истакна Пендаровски.

loading...