Search
среда 19 февруари 2020
  • :
  • :

ПАЗИ СЕА ЗНАЧИ ЗОКИ АКО ГО ИМА НА СНИМКА КАКО ЛАПА НЕЗАКОНИТ КЕШ ТОА НЕ Е ДОКАЗ ЗА ИСТРАГА

Велиш, во Законот за Јавно обвинителество, во верзијата која по трет пат фалсификувана ја испративте во Собранието немало скриена амнестија. И нормално, тоа е она во кое сакаш да верува јавноста. Демек, не си ти тој што би се криел позади законски легитимирана амнестија. Ти си борецот за правда, кој истата ја закопа во јамата криминал озаконет со стотици закони парафирани од слугите кои каснале од трошките кои паднале по „рекет“ сесијата.

Да бидам појасен, во членот 110 став 1. од Законот за јавно обвинителство се предвидува СИТЕ незаконски снимени материјали да не може да служат за индиција врз која Обвинителството ќе може да отвори истрага.

Еве вака, да ти олеснам, во член 110 став 1. од законот за јавно обвинителство стои „Секоја снимка на која се гледа како Зоран Заев врши криминално дејствије нема да може да се користи како индиција за започнување на истрага“. Тоа е практичната примена на овој став.

Па оттука и прашањето, како тоа нема скриена амнестија. Дали ако утре, во јавноста се појават снимки, фотографии и/или транскрипти на кои се гледа како Зоран Заев на рака прима еден, два, три или четири ипол милиони евра од некој бизнисмен, и притоа коментира како „слободата била скапа“, истите тие снимки нема да бидат основа за истрага на Обвинителството? Бидејќи со овој член од ЗЈО, истата таа снимка НЕМА да важи, а ЈО нема да може да отпочне постапка.

Ова прашање, Зоки, ќе мора да ми го одговориш. Кога тогаш, и мисли се што ќе ми одговориш. Немој да биде како оној пат кога тврдеше дека ти не си го известил Боки 13 дека има истрага против него и Кичеец, а денес од Вибер комуникацијата која беше презентирана во суд видовме дека токму тоа се случило – си го известил. Онака како што јас тврдев.

линк до оригиналот тука

loading...