Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

Павле, Пред сите што гласаа за тебе и за листата на која беше избран. Срам да ти е!

А не, не со тие куршуми, другар Павле…
Ти самиот јавно призна дека нелегално си набавил психотропна супстанца, масло од канабис. Не со рецепт, не во аптека. Тоа не е дозволено и од тебе се очекува да го кажеш името на трговецот. Најмалку тоа.
За политичката одгововорност не сакам ни да те потсетувам – во земја која ја легализираше медицинската употреба на канабисот, човек што носи голема општествена одговрност како пратеник избран од народот, знае што треба да стори. Уште вечерва. Без одлагање.
Што се однесува до снимањето, точно е дека тој што те снимал сторил кривично дело и дека нелегално прибавената снимка не може да биде доказ во некоја идна кривична постапка. Но, твоето јавно признание е легален доказ. На полицијата и на обвинителот им отвори работа.
Какви и да ти биле намерите (најблагордни дури нека биле), се обрука, другар Павле. Пред сите што гласаа за тебе и за листата на која беше избран. Срам да ти е!

Богоевски самиот се пријавил во полиција

Пратеникот Павле Богоевски попладнево самиот се пријавил во полициската станица Центар за маслото канабис, но поднел пријава и за непознат сторител.

Според Телма тој во одделот за борба со недозволена трговија и шверц се пријави самиот, бидејќи авторот на постот на руската социјална мрежа ВК тврди дека пратеникот по телефон нарачувал да купи кокаин.

Богоевски тврди дека не купувал кокаин туку канабис масло за близок човек, а во полиција пријавил и дека бил нелегално сниман од страна на таксистот кого не го памети.

Богоевски вели дека се што ќе побара полицијата во истрагата тој ќе направи, дури ако треба и тестирање.

loading...