Search
недела 22 септември 2019
  • :
  • :

Пандов им се закани на вработените во СЈО дека ќе им ја направат ,,поцрна иднината“

Александар Пандов, чест гостин во политички емисии како политички аналитичар, на ваков начин реагираше на писмото од стручниот,административниот и и техничко-помошниот персонал до премиерот и странските амбасадори во кое бараат јасен став за нивната иднина по затворањето на СЈО:

,,Можеби на Заев и амбасадорите не им чуе за вас, ама бидете убедени јас и народот ве мислиме, како после промена на власта сите по список од тоа рекетарско и северџанско дувло ви ја направиме што поцрна иднината. Бидете уверени дека тогаш ќе ви биде посветено доволно внимание“ – напиша Пандов на својот ФБ профил
#ЦрноВиСеПишува“

Александар Пандов е десно ориентиран политички аналитичар кој секогаш ги критикува политиките на СДСМ,без оглед дали е власт или опозиција.

Неговите објави потоа се коментираат од приврзаниците многу често со навредлив тон и со говор на омраза.

Инаку, вработените во СЈО кои не се обвинители, во писмото изразуваат разочаронаст затоа што нивниот работен статус лебди, а никој досега не спомнал што ќе се случува со нив по преминувањето на обвинителите и предмеите во редовното обвинителство.

Велат дека поради карактеротна нивната работа, тие не се познати во јавноста, но извршуваат важни задачи во системот на СЈО.

Станува збор за економисти, одделение за информатичка технологија, административна служба, служба за односи со јавност, доставна служба, вработени вовозен парк, преведувачи, како и друг технички персонал.

loading...