Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

Пак исчезна малолетничка од СОС Детско село

Нов случај на исчезната малолетничка од СОС Детско Село. Станува збор за 17-годишната М.С. која, според образложението, самоволно заминала. И тоа не било прв пат. Имено таа веќе неколку пати сама го напуштала СОС Детското село и била враќана со полиција. Прашањето е како е возможно, да се повторува исто недозволено поведение на штитеник од Селото и никој да не одговара за тоа?
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. Но проблематичната слика не завршува тука. Минатиот месец исто така исчезна штитеничка. Пријавена во полиција била на 24 јули, околу 14 часот од страна на 56-годишната М.П. и полицијата веднаш ја почнала потрагата. И во овој случај не било прв пат истото девојче да исчезне. Таа и претходно неколку пати самоволно се оддалечувала од установата и била враќана од полицијата. И овој пат ја вратија.
Но кој ќе објасни зошто ова се случува толку често и зошто нема одговорност?

loading...