Search
понеделник 14 октомври 2019
  • :
  • :

Па како не би била 500 евра просечна плата?

Па како не би била 500 евра просечна плата? Работни места, разно разни комисии, вицепремиерите си покачуваат плата… Како беше, јас зелка, ти месо, заедно јадеме сарма. Ете тоа е просечна плата. Просечна и сега е 24.000 денара, а тоа не значи дека обичниот работник, работничка ќе ги види тие плати. Источниот регион дотолчен, плата едвај 200 евра. Во Делчево дел и од тие враќаат. Ама никој не направил трибина со работниците па да ги праша. Градови како Крива Паланка, Делчево стануваат градови на духови. Анѓушев да кажеше нешто за веибо како требаше да си ги земат платите тие работници. Оти тоа го збореше во тој период. Дека ќе донесе нов инвеститор. Нека каже колкави се платите во фирмите каде дадоа државни пари. Субвенции разни. По кој критериум ги избираа и дали требаше да се држат до некои стандарди.
Ама нема веза, народецот се лепи на популистички изјави. Штета што не палат кај некои од нас. Оти од зборови веќе преку глава. Или ќе мислите за народот кој остана тука или сами ќе си останете со послушниците за кои отварате огласи по јавната администрација. Оти работници нема да останат. Некаде се цени трудот и е платен. Ама не кај нас.

loading...