Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

Откако проговори вработена во пекара од Србија, се јави и нејзина колешка од Македонија: Се е точно, освен една работа

Милана која е вработена во пекара во Србија открила застрашувачка вистина која се случува во кујните на пекарите и скапоцените ресторани.

Според неа, на местата каде што се подготвува храната во пекарите, има глувци и бубашваби, а многу често се случува кифла или леб што ќе падне на под, да си се врати на местото за продавање исто како ништо да не се случило. По оваа нејзина исповед, се јави и нејзина колешка, која била вработена во пекара во Македонија, а која вели дека тоа не е ништо чудно, а која го споделува своето искуство од Германија, дури работела во МекДоналдс.

Да, точно е тоа што го прочитав. Често се случува во просториите каде што се работи да има по некоја бубашваба, но тоа не е поради нас вработените, туку поради тоа што едноставно некој нам ни дал да работиме во такви услови, односно не се погрижил истите да бидат исчистени онака како што треба. Но, бидејќи гледам се крена фама околу ова прашање, како тоа да се случува само во Македонија, Србија или било кое друго место на Балканот, би сакала да споделам едно мое искуство дури работев во Мекдоналдс, Минхен – Германија.

Мислевте дека во Германија или во познатите МекДоналдс или Бургер Кинг ова е различно? Гадно се лажете! Напротив, таму е уште полошо. Се случува да ти падне цел сендвич на земја, а потоа да го кренат и да го стават на продажба исто како ништо да не се случило. Така да, драги мои Балканци, едноставно е, ова од секогаш било така, за жал така и ќе остане, се дури некој од вработените не се дрзне да си го ризикува своето работно место за да докаже дека тоа што се прави е погрешно и дека некој конечно треба да преземе мерки.

Оттука, веројатно спасот се само почестите контроли и санкции кон објектите, со цел конечно да се стави ред каков што е потребен за такви продажни места. Затоа повторувам – се е точно, но не е точно дека само на Балканот ова се случува!

loading...