Search
понеделник 22 јули 2019
  • :
  • :

ОСТАВКА, феномен или сосем нормална појава

ОСТАВКА, феномен или сосем нормална појава

Време е нашето општество да ја покаже сопствената зрелост така што политичарите ќе почнат самоиницијативно да ги завршуваат своите кариери.

Тука сме да ги потсетиме дека нашите животи не служат за бесконечен број обиди на истрошените политичари да се остварат во своите амбиции за големи кариери.

На Македонија не и требаат личности зад кои стојат пропаднати политики и пропаднати идеи.

Да си во политика 20-30 години и секогаш за твоите порази да биде крив некој друг а за твоите подеми ти самата /самиот е факт што зборува погласно од сите јавно изговорени зборови во тие 20-30 години.

За разлика од кај нас, во светот е сосем нормална појава да се поднесе оставка, од претседател на држава па до најниско рангиран функционер.

Дополнително, тоа е најбрз начин да се врати сопствениот углед.

loading...