Search
сабота 25 јануари 2020
  • :
  • :

ОРЦЕ КАМЧЕВ СВЕДОЧИ ЗА РЕКЕТ „Парите на Боки му ги спакував во торба Луј Витон оти многу го љуби тој бренд“

Веќе речиси 2 часа на пултот за сведочење е бизнисменот Орце Камчев, кој одговара на прашања прво на обвинителката Вилма Русковска, па потоа и на прашања на одбраната.

За парите од фамозната торба Луј Витон, за која има и снимка, Камчев пред судиите рече дека намерно му ги спакувал на Боки во таков вид торба бидејќи Боки 13 многу го љубел овој бренд.

„Не може да биде во торба Адидас, нема да личи. Му ги спакував во торба Луј Витон оти он многу го љуби тој бренд. Па уште ми замери и за тоа дека парите биле по 50 евра, а тоа беше намерно така за да му ја наполнам торбата“, рече Камчев пред судот.

loading...