Search
вторник 28 јануари 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

ОРДАНОСКИ И КАМЧЕВ СИ ГИ МЕРАТ СТАПОИТЕ

Информацијата за вашето кумство со г. Ковачки не е нова (на пример, објавена е ТУКА:, а потоа и повторена на разни други места), но вие до сега не сте ја демантирале. Добро, не мора човек сè и сегде да демантира што ќе се напише за него – побогу, бевме принудени од некаква „Ла Верита“ да ви ги дознаеме деталите за маките што сте ги преживеале! – и јас прифаќам дека, кога сега сте почувствувале за потребно да демантирате, вашето кумство со г. Ковачки не постои. Но, таа (дез)информација не сум ја измислил јас, за намерно да ви наштетам.

Напротив, г. Ковачки е еден од најбогатите луѓе во Бугарија, вие – и самиот Бугарин – во Македонија, па не ми било нелогично да не се познавате (а и да не бидете кумови, додека сега не демантиравте). Моите извори и овде и во Бугарија сè уште (со смеење) ми тврдат дека со г. Ковачки се познавате и дека сте имале добра деловна соработка. Нејсе, можеби зборот „познавање“ различно го толкуваме.

Сепак, и ако е дезинформација вашето познанство со г. Ковачки, убаво што демантирате, но зошто таквото познанство би ви наштетиле на вашата чест и углед?

Второто нешто што го демантирате се бодигардите од Бугарија. Велите: „Информацијата за тоа дека обезбедувањето на г-динот Камчев е засилено со обезбедување од Р. Бугарија беше изнесена и протече само во македонските медиуми“… Не знам што подразбирате под „изнесена и протече“, но во Софија (значи, не „само во македонските медиуми“) тие информации се појавуваат, на пример, ОВДЕ како и ОВДЕ. Треба ли јас да ве потсетувам на низата текстови (и фотографии) кои се објавија во Македонија на таа тема, промовирани, пред сè, од колегата Геровски кој ја објави аферата „Рекет“ во многу ексклузивни детали, меѓу другото и со тврдењето дека: „Со посредство на една пријателска земја, за извршениот рекет се обезбедени многу цврсти, практично несоборливи докази. Нема бегање од тие докази! Од таа пријателска земја за сведокот-жртва е испратено и специјално лично обезбедување. За секој случај.“ (ЛИНК ДО ТЕКСТОТ)

Тоа е тој случај, господине „сведок-жртва“. Бидејќи официјална Бугарија демантираше вмешаност во вашата заштита, а вие и самите на Боки 13 на телефон му велите дека „пријателите од Бугарија“ се обиделе да ве заштитат, тогаш јас, логично, си помислив дека бугарското обезбедување не ви било „државно“, туку „приватно“. Е, добро, ако и тоа сега го демантирате, па кажете ни кој ве чувал од Бугарија?

Впрочем, мене затоа и ми делуваше логично што целиот скандал за „Рекет“ и истрагата за тоа ја водеше македонската Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), а не надлежните криминалистички сектори за обичен и организиран криминал во МВР, бидејќи зошто УБК би се занимавала со вашите домашни „рекетарски маки“ од организирана група на ваши пријатели (многу меѓусебни кикотења, взаемна почит и доверба има во снимките што сте ги доставиле како докази), ако – по закон – во неа нема важни странски елементи и безбедносни и контраразузнавачки загрози?

Колумната на Сашо Ордановски во целост прочитајте ја тука

Демант на Камчев за колумната на Орданоски ,,Општата смрдеа од согорувањето ѓубре”

Јордан (Орце) Камчев, преку својот застапник, адвокатот Александар Михајлоски упати демант до ЦИВИЛ Медиа, во кој се вели дека колумнистот Сашо Орданоски, во колумната „Општата смрдеа од согорувањето ѓубре“, објавена на 2 декември во категорија „Мисла“, поткатегорија „Орданоски“. Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА го објавува демантот интегрално.

Јордан Камчев пред Кривичен суд

Согласно член 17  став 1 од Законот за медиуми („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/13 и 13/14) бараме да го објавите следниот Демант од Јордан Камчев на дел од објавен текст – колумна со наслов ,,Општата смрдеа од согорувањето ѓубре”објавен на Вашиот портал (https://civilmedia.mk/) на 02 декември 2019 година, во делот „Орданоски“ во кои се изнесени невистините наводи штетни за угледот и честа на Јордан Камчев, како што следи:

„Во вашиот објавен текст на 2 декемри 2019 година во делот ,,Орданоски’’, со наслов ,,Општата смрдеа од согорувањето ѓубре’’ изнесувате целосно невистинити податоци кои категорично ги отфрламе.

Не е точно дека г-динот Јордан Камчев е венчален кум на г. Ковачки. Не би знаеле кои се Вашите извори на оваа целосно неточна информација во која тврдите, Ве цитираме ,,Добро, луѓето убаво се дружеле, соработувале, кумството логично следувало’’.

Г-динот Камчев не го познава г.Ковачки, никогаш се нема ни сретнато со него, а уште помалку се дружел, соработувал или е негов венчален кум.

Невистинита е и информацијата дека по избивањето на аферата ,,Рекет,, во бугарските медиуми се тврдело дека бугарското обезбедување долго се грижело за сигурноста на г. Камчев и пренесувало информации на ,,другата страна,, од границата. Информацијата за тоа дека обезбедувањето на г-динот Камчев е засилено со обезбедување испратено од Р. Бугарија беше изнесене и протече само во македонските медиуми.

Вашето објавување на невистинити информации придонесува за дезинформирање на јавноста и за директно наштетување на угледот на лицата кои ги споменувате во информациите добиени од веројатно целосно нерелевантни извори.

Во насока на точно и прецизно информирање на јавноста и почитување на сите граѓански и етички принципи Ве молиме за објава на овој демант во целост во Вашиот медиум..„

Воедно Ве известуваме дека согласно член 8 став 1 од законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета (Службен весник на РМ бр. 143/2012) „за клевета одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден индентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, пред трето лице изнесува или пренесува невистинити факти што се штетни за неговата чест и углед…“.

 

 


ОДГОВОРОТ НА ОРДАНОСКИ:

loading...