Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

„Омилени ѝ беа моќните политичари“: Позната актерка била во ланецот на елитна проституција

„Омилени ѝ беа моќните политичари“: Позната актерка била во ланецот на елитна проституција

Откако познатиот Михајло Максимовиќ е уапсен, завладеа општа паника на Балканот.

Српските медиуми пренесуваат дека една позната модна дизајнерка од Белград ги нудела своите клиенти на ВИП проституцијата. Оваа српскa дизајнерка соработувала со главниот виновник на елитната проституција Михајло кој имал широка мрежа на соработници.

Познатата модна дизајнерка не е единствената жена од светот на модата која ги нудела младите девојки. Имено, неколку години пред неа, истото го работела и една позната дама, исто така позната на медиумите и модата. Со оглед на тоа дека долго била присутна во медиумите, дамата имала многу контакти, открива изворот на српскиот „Ало!“.

„Се почна во деведесетите. Долго беше во медиумите, па така собирала контакти меѓу влијателните луѓе. Се почна преку една модна агенција. Прво младите девојки беа нудени на бизнисмените, политичарите, спортистите, а потоа својот „бизнис“ го прошири и на некои познати дами. Имаше славни актерки, пејачки, водителки…“, открива изворот кој додава дека клиентите се состанувале со проститутките во еден белградски хотел кој денес повеќе не постои.

Една позната актерка која во ’90-те ја играше главната улога во една популарна серија беше омилена меѓу бизнисмените. И тарифата ѝ беше висока. Изгледаше како вистинска госпоѓа, фина и одмерна, а во сексот била жешка, веројатно затоа била најбарана. Но, знам дека бираше. Не сакаше со било кого да легне. Омилени ѝ беа моќните политичари. Подоцна не се појавуваше во филмовите и сериите, бидејќи со проституцијата се навлече на парите“, раскажува изворот и открива дека една од познатите водителки, кои и денес ги гледаме на екраните, била редовна во хотелот каде се собирале јавни личности.

loading...