Search
вторник 18 јуни 2019
  • :
  • :

Обвинет за 27 април уапсен во Шведска

Шведската полиција го уапси Дејан Давидовски, кој е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста при организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК од македонското Обвинителство, од каде велат и дека Македонија побарала негова екстрадиција.

Како што објави шведскиот весник „СВТ нихетер“, 39-годишниот Давидовски, по кого пред една година има распишано меѓународна потерница и по кого трагаше Интерпол, е уапсен во Шведска, на аеродромот Скаваста каде што пристигнал на 7 април. Tој е меѓу 33-та обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста при нападот на Собранието.

loading...