Search
понеделник 17 јуни 2019
  • :
  • :

Обвинение за две лица кои подметнаа пожар во куќа и ресторан во Дебар Маало

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против две лица за тешки дела против општата сигурност, поради опожарување на семејна куќа со ресторант во Дебар Маало.

Според обвинителството,обвинетите како соизвршители на 26.11.2018 година со пожар предизвикале значителна опасност по животот на еден оштетен и неговото најблиско семејство, како и поголема имотна штета на објектот – индивидуална станбена куќа и ресторан во сопственост на оштетениот.

„Обвинетите набавиле едно шише запалива течност. Потоа едниот обвинет чувал стража, додека другиот со течноста го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата на ресторанот и го запалил. Пожарот за многу кратко време се проширил од ресторанот до вториот кат на објектот, каде што престојувало семејството на сопственикот.

Обвинителството ценеше дека сè уште постојат околности што го оправдуваат изрекувањето на мерката куќен притвор, па од тие причини заедно со Обвинителниот акт до Основниот суд Скопје 1 достави и предлог за продолжување на мерката – куќен притвор за двајцата обвинети”, се наведува во соопштението.

loading...