Балкан

„Нудам плата од 3.000 евра и никој не се пријавува“: Претседателот на “Тиквеш така вели, ама не му веруваме он сака и нешто повеќе од своите вработени ај тии, знаеме дека е мрсник

Македонија

Заболени
11,554
Мртви
519
Излечени
7,607
Активни
3,428
Last updated: 08/08/2020 - 04:56 (+02:00)

„Не е лесно да се задражат вработените да работат во нашиот регион “затоа што Европа им нуди многу повеќе на само два часа оддалеченост““ – изјавил денес Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на компанијата “Тиквеш“ од Македонија на Самитот на приватните лидери од регионот.

 

„Во Македонија сè уште не е завршена приватизацијата на земјоделското земјиште, а тоа значи дека не може да се инвестира. Ние денес имаме менаџери, но немаме агрономи, бараме дури од Јужна Африка бидејќи никој не се пријавува на огласите ниту за плата од 3.000 евра. Броев на патувањата во секој авион, 30 до 40 милиони млади одат за никогаш да не се вратат тука“ – изјавил Јаневски.

Тој изјавил дека нема шанси младите да се задржат во Македонија затоа што “на само два часа оддалеченост Европа им нуди многу повеќе“.

Петар Чорлука, сопственик на компанјата “Виолета“ истакнал дека е важно долгорочно да се предвидува и така неговата компанија воведува автоматизација.

„Вложуваме во работниот амбиент. Работниците се мотивирани доколку знаат дека компанијата планира проширување, инвестиции…“ – изјавил Чорлука.

Генералниот директор Александар Марковиќ изјавил дека фирмата се труди да ги задржи вработените па поради тоа секоја година делат 100.000 евра на вработените кои ќе добијат деца.

„Треба да се направи анализа кои се луѓето кои бараат работа и по две години не можат да ја најдат затоа што имаме проблеми да најдеме оператори за CNX машина, заварувач… Кога би добиле работа во која ќе ни бидат потребни неколку илјади заварувачи тогаш не би можеле да ја прифатиме“ – рекол Марковиќ.

loading...
Види повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button
Close
Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker