Search
сабота 19 октомври 2019
  • :
  • :

Ниту се извинуваме, ниту оставка даваме, текстов ќе си стои до небо :). – кој е Драги Рашков потрчкото на Зокиски.

Разузданиот прв административец: Историја на (не)одговорноста

Се извинува „до небо“, но оставка не поднесува, вака Драги Рашковски денеска на долга прес конференција се бранеше откако во јавноста протече аудио снимка за која што се тврди дека докажува како Драги Рашковски е вклучен во нелегегални активностии врзани за тендер на италијанската фирма „Леонардо“ за опрема за модернизација на М-НАВ. Најави тужби за новинари и опозицијата, а на прес конференцијата жестоко се бранеше и расправаше со присутните новинари. Но, Драги Рашковски го следат скандали од самиот старт на неговата кариера во владата.

Портрет на генсекот

Кога го избраа како генерален секретар по формирањето на Владата на СДСМ и коалицијата во јули 2017 година, Драги Рашковски беше претставен како човек од академијата и иноватор. На 33-годишниот универзитетски професор од правниот факултет во Скопје му беше доверено раководењето со сите стручни служби на владата. Тој и премиерот Зоран Заев се сограѓани  – ги поврзува родната Струмица. Често може да се видат и на приватни седенки. Важи како човек од доверба на премиерот Зоран Заев. Но, довербата кај граѓаните започна да ја губи уште на почетокот на својата кратка, а веќе скандалозна кариера.

Погледнете го профилот на Драги Рашковски којашто ИРЛ го направи минатата година. Започна со вработувања на своите роднини, го следеа бројни скандали кои отворија сомнежни злоупотреба на моќ, а заврши со обвинувања за местење меѓународен тендер. Дополнително, новинарите често го обвинуваа дека не е транспарентен, а тој криеше и документи од јавен интерес од медиумите.

 

loading...