Search
понеделник 17 јуни 2019
  • :
  • :

Невозвратена љубов: Ѕвезди кои добиле „корпа“ од други ѕвезди

Постои ли жена што може да му одолее на Џорџ Клуни? Да. Нејзиното име е Ева Лонгорија. Знаевте ли и дека Кара Делевињ го откачила Леонардо ди Каприо, нарекувајќи го престар и пренападен?

nevozvratena-ljubov-dzvezdi-koi-dobile-korpa-od-drugi-dzvezdi-1.png

Невозвратената љубов не е никогаш пријатна. Особено за одбиената страна. А, замислете си како ли им е само на богатите и славните, кои се навикнати другите да паѓаат во несвест, кога и да им намигнат со окото?! Сепак, многумина го доживеале токму тоа – од слични на нив.

Ова се ѕвездите кои добиле „корпа“ од други ѕвезди:

Тејлор Свифт од Бредли Купер

Младоста не секогаш е адут за освојување на мажите. Ова на своја кожа го има осетено популарната кантавторка Тејлор Свифт. На забавата по доделувањето на Златните глобуси во 2013 година, пејачката ја замолила актерката Џенифер Лоренс да ја запознае со Бредли Купер. Меѓутоа, глумецот ѝ дал „корпа“ на Тејлор, сметајќи дека е премлада за него.

nevozvratena-ljubov-dzvezdi-koi-dobile-korpa-od-drugi-dzvezdi-2.png

Селена Гомез од Џорџ Шели

Oткако дознала дека му е симпатија, на преубавата Селена Гомез ѝ паднал во очи пејачот Џорџ Шели од бендот Union J. Па, не само што го покани состанок, туку сними и видео порака специјално за него, порачувајќи му дека е во Лондон и очекува да ѝ се јави. Верувале или не, тоа не се случило. Во интервју на радио, Гомез призна дека не само што не се виделе, туку не се ни чуле: „Џорџ не ми се јави. Навистина сум навредена.“.

nevozvratena-ljubov-dzvezdi-koi-dobile-korpa-od-drugi-dzvezdi-3.png

Џастин Бибер од Џенифер Лоренс

Во ноември 2015 година, пејачот одлучи да си ја проба среќата со актерката Џенифер Лоренс. Гостувајќи во емисија на радиото Capital FM, Џастин Бибер откри дека би сакал да ѝ биде дечко на оскаровката: „Таа е пресекси. Таа е неверојатна. Таа е преслатка.“  Зборoвите допреа до ушите на Лоренс, па реши да му возврати на емоциите. Нејзиниот конечен одговор беше: „Не.“

nevozvratena-ljubov-dzvezdi-koi-dobile-korpa-od-drugi-dzvezdi-4.png

Џорџ Клуни од Ева Лонгорија

Пред да заплови во брачните води со Амал Клуни, актерот беше нескротлив заводник. И понатаму високо котира на листите за најсекси мажи во светот. Сепак,  неодоливата Ева Лонгорија не ја „купил“ со неговиот изглед.

Џорџ Клуни посакувал нешто повеќе од пријателство со латино убавицата, па пробал да ја освои. Меѓутоа, фактот што во исто време се гледал и со бившата девојка Стејси Киблер, нималку не ѝ се допаднал на глумицата. Одбила да биде со него – доколку таа не е една и единствена.

nevozvratena-ljubov-dzvezdi-koi-dobile-korpa-od-drugi-dzvezdi-5.png

Џејмс Франко од Кристен Стјуарт

Во септември 2012 година, Џејмс Франко и Кристен Стјуарт налетале еден на друг на филмскиот фестивал во Торонто. Наводно, глумецот се „вљубил“ на прв поглед во колешката. 20 минути ја опсипувал со комплименти на нејзина сметка, па се обидел да ја „ќари“, канејќи ја на вечера. Иако ѝ годело вниманието од Франко, таа сепак не ја прифатила понудата.

nevozvratena-ljubov-dzvezdi-koi-dobile-korpa-od-drugi-dzvezdi-6.png

Дрејк од Ријана

Mузичката соработка помеѓу Дрејк и Ријана цути со години. Љубовта и не баш. Двајцата имаат долга заедничка историја, но не им не се посреќи како пар. Доделувајќи ѝ награда на VMA во 2016 година, раперот ги искажа своите чувства кон Рири пред милионите гледачи.

„Во неа сум вљубен од мои 22 години.“, изјави Дрејк во емотивниот говор. Но, се чини дека ова не ја трогна убавицата од Барбадос. Кога се обиде да ја бакне, таа му ја оттргна главата. Подоцна и го прекори на социјалните мрежи.

nevozvratena-ljubov-dzvezdi-koi-dobile-korpa-od-drugi-dzvezdi-7.png

Џон Мајер од Сандра Булок

Тој ужива репутација на вистински срцекршач во Холивуд. Заведува, љуби и остава. На списокот жени кои ги освои се наоѓаат и повеќе славни дами, како што се Кети Пери, Џенифер Анистон, Tejлор Свифт и Џесика Симпсон. Но, при обидот да се зближи со Сандра Булок преку заеднички пријатели, актерката му покажала каде му е местото.

Беше поласкана и добро се изнасмеа кога дозна за неговите намери, но го одби Џон затоа што сака врска, а не само покана за секс.“, потврди познаник на ѕвездите.

nevozvratena-ljubov-dzvezdi-koi-dobile-korpa-od-drugi-dzvezdi-8.png

Леонардо ди Каприо од Кара Делевињ

И згодниот оскаровец важи за миленик на жените. Харизматичниот Лео е како магнет за атрактивните манекенки. Но, една од нив не „падна“ на неговиот шарм. Таа се вика Кара Делевињ. Се сретнале на Кански филмски фестивал во 2013 година, па ди Каприо веднаш тргнал да флертува, користејќи го секој можен трик. Воопшто не ѝ се допаднал на Кара, затоа што бил „престар“ и „пренападен“ за нејзин вкус.

nevozvratena-ljubov-dzvezdi-koi-dobile-korpa-od-drugi-dzvezdi-9.png

Тејлор Свифт од Зејн Малик

Нивниот дует „I Don’t Wanna Live Forever” ги покори топ листите во 2017 година. Но, познанството помеѓу Тејлор Свифт и Зејн Малик датира од многу порано. Постојат гласини дека пред да влезе во врска со Хари Стајлс, пејачката првин фрлила око на колегата од групата One Direction. Малик културно ја одбил, затоа што не бил заинтересиран да се забавува со неа.

nevozvratena-ljubov-dzvezdi-koi-dobile-korpa-od-drugi-dzvezdi-10.png

Џастин Бибер од Ријана

Пејачот имал обид да се „смува“ со постарата колешка на почетокот од 2011 година. Тогаш Џастин Бибер имаше 16, а Ријана 23 години. „Корпата“ од нејзина страна ја поднесе со насмевка, споделувајќи фотка како ѝ го покажува телефонот. Подоцна ја избриша. Бибер самиот призна дека ја поканил да излезат заедно, на што Рири му одговорила: „Премал си.“

nevozvratena-ljubov-dzvezdi-koi-dobile-korpa-od-drugi-dzvezdi-11.png

Линдзи Лохан од Џејмс Франко

Кога во јавноста исплива „интимниот список“ на Линдзи Лохан, посебна прашина се крена околу името на Џејмс Франко. Глумецот ги демантираше медиумските написи дека се сплеткал со скандалозната ѕвезда. Лохан кокетирала со Франко, па се бакнале, но тој одолеал на нејзината покана да имаат нешто повеќе од тоа.

nevozvratena-ljubov-dzvezdi-koi-dobile-korpa-od-drugi-dzvezdi-12.png

Дрејк од Ники Минаж

Покрај од Ријана, раперот доби „корпа“ и од уште една колешка. Се шпекулира дека Дрејк и Ники Минаж поминале една ноќ заедно. И, додека таа не била расположена за реприза, пејачот веќе почнал да си замислува дека се во врска. „Дрејк призна дека е вљубен во Ники. Сите дознаа.“, откри добро упатен извор. Од друга страна, Минаж никогаш не била вистински заинтересирана за него.

nevozvratena-ljubov-dzvezdi-koi-dobile-korpa-od-drugi-dzvezdi-13.png

М. А. | Црнобело

loading...