Search
петок 6 декември 2019
  • :
  • :

Нешто за НКВД и накратко за идните чекори на Македонија

Нешто за НКВД и накратко за идните чекори на Македонија

По смртта на Ј.В. Сталин на првата седница на Советското политбиро во 1953 година, заменикот шеф на тоа тело и сојузен Министер за внатрешни работи – Л. Берија изнесува долгорочна аналитичка проценка на НКВД за понатамошните последици по СССР, доколку тој продолжи со истата политика кон земјите од Варшавскиот договор и туркофонските држави во рамките на самиот СССР.

Во таа белешка од 1953 година односно повоениот период, стои дека државите во кругот на источниот лагер ресурсно, материјално, технолошки и воено-технички целосно ќе го исцрпат СССР, а за краток период домицилното туркофонско население во Азиските републики ќе го надвладее руското население кое живее на тие простори.

Како предлог изработен од истата служба тој изнесува предлог-мерки, дека Советскиот сојуз во најкраток можен период треба да се ослободи од државите сателити во рамките на Источна Европа, а кај јужните азиски земји во рамките на СССР треба да се видоизменат административните граници и на деловите во кои е мнозинство туркофонското население да им се даде независност.

За неполн половина час потоа во истата таа просторија влегуваат Маршалот Ѓ. Жуков и Н.С. Хрушчов со пиштоли и пред очите на Ѓ. Маленков (Шеф на Политбирото / Премиер на СССР) го обвинуваат Берија дека е Британски шпион и дека работи за интересите на капиталистичките држави.
Набргу потоа, Лаврентиј Берија е ликвидиран во соседната соба.

Во ноември 1982 година по смртта Л. Брежњев за лидер на КПСС доаѓа веќе остарениот Ј. Андропов (инаку поранешен деташман на КГБ за Унгарија), кој се обидува да спроведе дел од мерките предложени од НКВД и целосно да се повлече од Авганистан – сметајќи го него за мамец вметнат од ЦИА, кој е главен двигател за целосен структурен распад на СССР.
За жал, ништо од ова нема да се оствари поради брзата смрт на Јуриј Андропов.

Затекната од околностите во кои се наоѓа СССР, Ерменското комунистичко раководство во 1987 година ќе достави предлог до шефот на КПСС и лидер на СССР – М. Горбачов за измена на внатрешните административни граници во рамките на СССР (бидејќи за разлика од Уставот на СФРЈ од 1974 година во кој конститутивните народи имаа право на избор за отцепување или осамостојување на одредена Република од Федерацијата, во Советскиот Устав тоа неприкосновено право за Сувереност беше во надлежност на раководството на одредена Републиката која е дел од Сојузот), но таквата идеја Горбачов ја одбива.

Што е целта на погоре напишаното, имено каков и да бил крвник Лаврентиј Берија – неговата служна НКВД изработила брилијанта аналитичка проценка, која не може да се оспори ни до денес, дека со самиот распад на СССР во 1991 година – Русија го загуби финансиското тло, а над 20 МИЛИОНИ Руси останаа да живеат вон матичната држава.
Во очи распадот на СССР – Ерменија и Азербејџан влегоа во војна за енклавата Нагорно-Карабах, која расели преку 1.5 милиони жители на двете земји.

Некаде прочитав дека нафтата и гасот (метан) државите од Источна Европа до 1991 година на СССР (Русија е легитимен правен наследник на СССР на која тоа право и го признаа сите 14 од вкупно 15-те Републики) субвенционирано и го исплаќале со 70 % дисконт, додека вооружувањето и останатите природни добра со 90 % дисконт.
Трансферот на технологии бил целосно бесплатен.

Чисто ме интересира дали нашите тајни служби кои се финансираат од Македонскиот буџет имаат вакви долгорочни проценки (политички, материјални и демографски), бидејќи наскоро со можниот кандидатски статус за ЕУ ќе се соочиме со нови предизвици и проблеми кои ќе ни ги разнишаат пријателските и коректни односи со една економско / воена регионална сила ?

Имено за што станува збор, после проблемот со Бугарите следи Кипар – дека ние сеуште немаме дипломатски односи со грчкиот дел.
Проблемот е што во преамбулата од Уставот на грчкиот дел стои тежнеењето кон обединување на островот во една држава (со други зборови грчка), како и дека таа Република е единствен легитимен (правно-валиден) претставник на островот.

Треба да се однесуваме како ТРС Кипар да не постои, а тоа ќе отвори голем проблем со државата Турција, бидејќи без ратификација од Република Кипар нема полноправно членство во Европската Унија.

Фотографија на Gavrilo A. Miloshevski.
loading...