Search
петок 20 септември 2019
  • :
  • :

НЕМА ДА БИДЕ

– Се додека штапските глувци се вработуваат заради тоа што оделе по митинзи, собири, протести и слично, *нас како држава – нема да не биде

– Се додека некоја офуцана наставничка се вработува заради деколтето или тоа што не е сапунче и не се троши, од *нас држава – нема да биде

– Се додека секој просечен штапски стаор (заради стажот) има задача да креира јавно мислење платен од разно разни фондови, донации, под рака, зад рака, а врска нема со животот, од *нас држава – НЕМА ДА БИДЕ

– Се додека пратиските врхушки наредуваат ботирани наредби на т.н. фунционери (моронски ботови) и истите без размислување ги извршуваат по хоризонтала и вертикала, од *нас држава – НЕМА ДА БИДЕ

– Се додека етикетираме од завист некое здраво мислење од некои “анонимуси”, што ниту се занимавале со политика, ниту пак сакаат и имаат амбиција за истата, со цел да го девалвираме на лична основа оти бил по размислување од “другата страна” од *нас бе држава – НЕМА ДА БИДЕ

– Се додека на научиме на почит едни кон други и се браниме со една цел а не партиска од *нас држава – НЕМА ДА БИДЕ

– Се додека не сфатиме дека партиите не се бироа за вработување туку идеолошки организации што треба мислат и прават за доброто на тој народ кој ги носи на власт, од *нас држава – НЕМА ДА БИДЕ

– Се додека ги вработуваат некадарните и ги игнорираат кадарните плус немаат способност да ги препознаваат, од *нас држава – НЕМА ДА БИДЕ

Всушност *ние не сме држава ако гледаме реално, туку едно собиралиште на ѓубре од кадар што ротира околу било која власт што се наоѓа во неа.
Чест на исклучоци, но ако ги прашате и тие истото ќе ви кажат “ Кај гледаш брат ти држава бе, од *нас ништо вака како што одиме – НЕМА ДА БИДЕ”

И запамтете си мили функционерчиња што се тепате на пријателство и “деловен интерес” – вашиот пријател што знае да вози трактор не значи дека ако ви е вас пријател ќе знае да пилотира авионот што ќе му го доверите

Фала многу и добра ноќ, а за утре… се гледа дека нема да не биде бе

PREZEMENO!
Кукурек генерација
Од децата направивме кревки, нежни и болежливи суштества! Миејќи им ги рацете на секој чекор со сапун под чешма, кај што нема чешма со влажни марамчиња, кај што нема влажни марамчиња, трчи купувај во најблиска трафика. Им преслакаме маички ако имало и најмала флекичка, ги фрламе за перење ако ги фатила и најмала прашинка. Им бришеме и пребришуваме по 100 пати се што ќе допрат, немој случајно прљаво да е… Седни во парк кај што има деца па ќе чуеш реторика: Фрли каменот, прљав е! Не се тркалај во песокот, прљав е! Не ја куби тревата, прљава е! Не го фаќај дрвото, прљаво е! Хигиена демек. Моето дете чисто демек. Здраво демек. Уствари обратно е. Колку почисто, толку поболно. Во првиот допир со бактерии некаде… во градинка, во школо, на игралиште, каде ќе те нема тебе да му кажуваш што смее да допира… ќе ги закачи. Зошто? Затоа што нема имунитет дете чувано како билка под стаклено звоно! Не се будали странцине што ги пуштаат децата да се ваљаат во прашина и кал и кога врне и кога вее! И после чудно ни е, како тоа кај нив антибиотици не се препишуваат, а кај нас сеопшто антибиотско труење!
И после старите не знаеле како се чуваат деца, ние сме знаеле? Модерните мајки? Чија што врна литература за деца се муабети на женскиот сајт Фемина или на ФБ страницата „Мајки и деца“ кај што се делат совети за лечење на деца со бајачки од уроци или се поставуваат прашања од „едуцирани“ мајки од типот: детето ми е топло кога ќе го допрам на челото, да не знае некоја што му е… мајки помагајте!?
Ние, децата од мое време, потемни бевме. Не дека потемен тен имавме, туку поцрни во лицата си бевме. И во рацете. А во стапалата и да не зборувам. Се трчаше надвор, сме трчале босоноги, по цели денови. По папучи, какви патики… само и само по пластични папучи! Се играше жмурки по цели ноќи. Сме се пикале позади дрва, во грмушки со пајаци, по отпади, позади прљави коли што ги бришевме со маиците. Рипавме во прашина играјќи ластик од утро до мрак. Машките џамлии на колена, на земја. Ако си ги испрљаш рацете позначајно, се знае, не трчаш дома плачеечки – мамоооо, се испрљав, избриши ме, туку фино лепо од алиштата си се бришеш! Кога ќе се приберевме дома, како ќумурчиња. Не можеш никако да се измиеш доволно, освен ако не се пикнеш во када. А ако бевме преуморни, какви што често бевме, не беше страшно и само да се подзамиеш со вода пред да си легнеш и заспиеш ко трупче. Онака фушарски, проплакнати рацете во дланките до зглобови, а нагоре бразди од кал, црнила. Иста прикаска и со нозете. Се изми? Се измив мамо… а по теписите темни траги оставаш. Истите оние на кои утредента ќе лежиш и ќе се тркалаш. И? Ни фали нешто? Ма јок! Генерација кукурек! Здрави и физички и психички. Воспитувани по онаа – пушти ги, така растат децата! Во време кога никој ќутек не изел затоа што се испрљал, во време кога ќутек се јадеше само кога нема да ги почитуваш постарите и кога устата ќе си ја испрљаш…

loading...