Search
понеделник 24 јуни 2019
  • :
  • :

Нема амнестија за Нинџа, Ќосето и Кољо

Апелација пресече. Нема да има амнестија за петтмина обвинети за настаните од 27 април. Судиите ги одбија жалбите на Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Оливер Поповски и Горанче Ангеловски. Апелација не одлучуваше по жалбата на поранешниот телохранител на Трајко Вељановски, Горан Ѓошевски-Леви. Предметот за него е вратен во Кривичниот суд, поради технички проблеми. Во образложението на одлуката, наместо името и презимето на Ѓошевски-Леви пишувало Абдулфета Алими, исто така обвинет за Крвавиот Четврток, кој не доби амнестија.

Одлуките на Апелација се конечни а право на жалба имаат само обвинетите не и обвинителството. Од вкупно 33-ца амнестирани беа петнаесетмина, 13 добија негативни мислења а петмина не ни побараа амнестија.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

loading...