Search
среда 13 ноември 2019
  • :
  • :

НЕ Е НЕЗАКОНСКИ ПАРИ ДА СЕ ДАВААТ ВО ПЛИК, БАРАМЕ НАЧИН ДА ГИ СТИМУЛИРАМЕ БИЗНИСМЕНИТЕ ДА ГИ ПЛАЌААТ ПРИДОНЕСИТЕ, ВЕЛИ ЗАЕВ

НЕ Е НЕЗАКОНСКИ ПАРИ ДА СЕ ДАВААТ ВО ПЛИК, БАРАМЕ НАЧИН ДА ГИ СТИМУЛИРАМЕ БИЗНИСМЕНИТЕ ДА ГИ ПЛАЌААТ ПРИДОНЕСИТЕ, ВЕЛИ ЗАЕВ

Премиерот Зоран Заев изјави дека се разгледуваат неколку модели како да се натераат бизнисмените на вработените да не им даваат пари на рака и со тоа да избегнуваат плаќање придонеси, иако, според него, тоа не е незаконски. Тој присуствуваше на состанокот во Сојузот на стопански комори, каде што дел од бизнисмените се пожалија токму на сивата економија.

„Сите знаеме дека сите даваат пари во плик и тоа не е незаконски, бидејќи бизнисмените ги обезбедуваат тие пари, си плаќаат персонален данок и данок на добивка и тоа се нивни пари. Тие слободно располагаат со тие пари и буквално ги честат работниците со тие пари. Суштината е што тука не се плаќаат придонесите за здравствено и пензиско. Тоа е една отворена можност во законот што им е дадена“, рече Заев.

Тој би сакал овој проблем да се реши до 1 јули, кога стартува и повратот на данокот на додадена вредност за физичките лица.

„Неколку варијанти се разгледуваат, работиме на два правци. Целта е луѓето да бидат демотивирани да ги вадат овие пари од своите сметки и да ги даваат во кеш, туку да ги дадат како бруто плата и тоа ништо да не ги чини, дури и помалку. Но, сакаме притоа и фондовите да растат, за пензиско и здравствено, затоа што амбицијата е да растат и пензиите, не само платите. До средината на јуни ќе утврдиме како ќе настапиме и од први јули да стартуваат“, рече Заев.

loading...