Search
среда 21 август 2019
  • :
  • :

НЕ ДЕКА НЕ ВЕ ПРЕДУПРЕДИВМЕ ДЕКА МАКПЕТРОЛ СО БРОКЕРИТЕ СПРЕМА ПРЕВАРА, ДОКАЗ ВЕ ПРЕДУПРЕДИ ДРУГИТЕ ИМАА РЕКЛАМИ И ВЕ ЛАЖЕА

Brokerite go znaea ova i veshtachki ja razdigaa cenata za da im go nachukaat na nekoj i prodadat akciite

линк каде ДОКАЗМ ве предупреди и на кој датум ТУКА

Зошто ќе постат акционерите на „Макпетрол“?

„Макпетрол“ издвои 1.105 денари нето дивиденда за своите акционери и тоа е ладен туш за инвеститорите во однос на последната пазарна цена изнесува помалку од 2 отсто принос. Наспроти тоа компанијата одвои 3 милиони евра за откуп на сопствени акции и е спремна да ги купува и до цена од 90.000 денари за акција

Најголемата компанија за малопродажба на нафтени деривати „Макпетрол“ ќе подели 1.105 денари дивиденда за секоја своја акција, ова го одлучија мнозинството акционери на последното собрание одржано деновиве. Вкупно за дивиденда мнозинските акционери одлучија да се поделат 2,2 милиони евра во бруто износ.

Тоа значи дека на последната цена за акција постигната на Македонската берза за хартии од вредност нето износот од 1.105 денари е принос понизок од 2 отсто! Овој податок најголемата дистрибутивна нафтена компанија ја класифицира меѓу најслабите акции од аспект на дивидендата што ќе се подели. Во споредба со лани зголемувањето на вредноста на дивидендата е незначително во однос на зголемуњето на пазарната цена на таа акција.

Но затоа, мнозинството акционери одлучија за сопствен откуп на акции компанијата да издвои 3,25 милиони евра. Тоа е за речиси 50 отсто повеќе од износот што компанијата ќе го подели во дивиденда на своите акционери. Како овие две информации ќе влијаат врз цената на акцијата на пазарот дополнително ќе видиме. Важен факт е тоа што маргината во која компанијата ќе може да докупува акции во сопствен откуп е од 30.000 денари за акција па до 90.000 денаро за акција. Тоа значи дека некои инвеститори ова можат да го протолкуваат како мотив да ја купуваат таа акција и по цена повисока од актуелната затоа што ќе се охрабрат од тоа дека цената може и да дојде до 90.000 денари за акција. И покрај тоа што дивидендниот износ како принос и сега е минорен и е крајно дестимулативен во однос на другите конкурентни акции на пазарот.

Сопствениот откуп е мерка која теоретски е наменета за заштита од непријателски превземања, но во нашата пракса нејзиното применување има и други мотиви. Еден од нив е контрола или поточно влијание врз понудата и побарувачката на слободниот пазар на конкретна акција. Особено во услови кога пазарот е плиток како што тоа е случај со тргувањето на нашата берза. Голем минус на оваа мерка е тоа што компаниите акумулираат и користат средства односно готовина кои можат да се користат и за развојни проекти.

 

loading...