Search
понеделник 22 јули 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

НАМЕСТО ДА СЕ ИЗВИНИ, ДАМЈАН ГО БРАНИ ЛУДИЛОТО: ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ 10 ГОДИНИ НЕ МОЖЕА НИКАДЕ ДА СЕ ВРАБОТАТ

НАМЕСТО ДА СЕ ИЗВИНИ, ДАМЈАН ГО БРАНИ ЛУДИЛОТО: ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ 10 ГОДИНИ НЕ МОЖЕА НИКАДЕ ДА СЕ ВРАБОТАТ, КАДЕ ДА ОДАТ ОВИЕ ЛУЃЕ, КАЖА МИНИСТЕРОТ МАНЧЕВСКИ ЗА ВРАБОТУВАЊАТА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА!!!

ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ 10 ГОДИНИ НЕ МОЖЕА НИКАДЕ ДА СЕ ВРАБОТАТ, КАДЕ ДА ОДАТ ОВИЕ ЛУЃЕ, КАЖА МИНИСТЕРОТ МАНЧЕВСКИ ЗА ВРАБОТУВАЊАТА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА

Министерот Дамјан Манчевски на владина седница (Фото: Влада)

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски кажа дека членовите и симпатизерите на СДСМ 10 години биле најдискриминирани граѓани во државата и не треба да биде чудно што сега се вработуваат во јавни институции. Манчевски додаде дека Антикорупциската комисија треба да провери дали во новите вработувања има и непотизам и судир на интереси.

 

 

„Денеска е чудно што било кој симпатизер на оваа власт се вработува и во јавни институции. 10 години на сите членови на СДСМ им беше забрането да се вработуваат во јавен и приватен сектор. Каде да одат овие луѓе, треба да ја напуштат државата. Сега има Антикорупциска комисија и сето она за што се смета дека е проблематично треба да се поднесе претставка и да се одлучува по неа“, кажа Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање околу вработувањата во администрацијата на луѓе блиски до владини функционери.

Манчевски и министерката за правда Рената Дескоска денеска потпишаа меморандум за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

ЕДИНСТВЕН ЛЕК КАКО ДА ЈА СТРОИМЕ ОВАА ВЛАДА Е ДА И ГО УНИШТИМЕ ГЛАВНОТО ОРУЖЈЕ, А ТОА Е ВЕРБАТА ВО ПРАВИЛОТО – СЕКОЕ ЧУДО ЗА ТРИ ДЕНА!

Оваа влада се моли и крсти во македонското старо правило СЕКОЕ ЧУДО ЗА ТРИ ДЕНА!

Со ова правило, не ти ни треба диктатура нити пропаганда, едноставно кучињата си лаат, карванот си врви затоа што кучињата лаат само три дена и после забораваат за што лаеле.

Тука е лекот за оваа влада, да лаеме додека можеме и додека едениот не попушти, или тие, или ние.

Заев мисли дека со огромната магла со приемот во НАТО, народот ќе заборави и нема да го примети овој ЦУНАМИ ОД НЕПОТИЗАМ, но мислам дека тука треба да му ги поматиме сметките на премиерот.

Ова бесрамно однесување на пратеници, министри, градоначалници и останати функционери кои си бутаат деца, снаи, зетовци, мажи и жени, мајковци и татковци по институции е настан без преседан!

Прв сериозен лапсус на новата власт!

И ако сега ова го дозволиме, тогаш многу други такви будалаштини може да им текнат.

Затоа колеги, јавност, сите, да врескаме за ова во нареден период се додека не ги поништат сите овие скандалозни конкурси и додека не се извинат.

Е сега ни треба ХИСТЕРИЈА како никогаш досега!

Ова заслужува хистерија!

loading...