Италијанскиот весник Ла Верита ја пренесуваат содржината на разговорот, па додаваат дека во Македонија се пуштаат тајни аудио снимки од разговори за „порамнување на сметките“. Според тие снимки Генералниот секретар на Зоран Заев размислува за малверзации и финти со тендерска документација, анализира весникот. „Жртва- Плоштад Монтеграпа“, пишува Ла Верита. Всушност плоштадот Монтеграпа е адресата на седиштето на компанијата Леонардо.

Во насловот се пренесени ставовите на Рашковски, кои содржат навреди кон цели етникуми и нации, а во текстот се пренесени разговорите за малверзации со кoи генералниот секретар самоуверено „претпоставува“ кој е добитник на тендерот.

Скандалот во Скопје во кој десната рака на Зоран Заев договара тендер во секторот на авиосообраќајот ги мина границите и притисокот за релевантна истрага расте. Секако, молкот на институциите додека Рашковски отвара лична дебата со медиумите и опозицијата дополнително фрла сенка врз институционалниот молк и одговорот што била и каква е улогата на Рашковски во оваа тендерска набавка?