Search
сабота 20 април 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Најдобриот Битолски ММА борец со нова ММА борба во Швајцарија!!!

ММА борецот Филип Божиновски со свои 19 години во Цирих Швајцарија на 09 ти Февруари ќе ја има својата 12 ММА борба севкупно по ред.Подготовките се во тек со неговата екипа од Нинџуцу клуб Битола.За противникот се знае дека има доста искуство во ММА, борење и џиуџицу па се очекува добра борба и се надеваме победа на битолскиот борец.Филип Божиновски е постојано во тренинг кроз цела година без поголеми паузи како што налага борбениот систем што се тренира во НКБитола.

За 2018 година имаше доста успеси во делот на боречки спортови и тоа две аматерски ММА победи, два пати апсолутен балкански шампион во БЏЏ adult blue belts, државен првак во Џиуџицу и првак во категорија неколку пати за БЏЏ.

Ова е добра прилика да докаже колку има напредок во повеќе сегменти од ММА кај него.Се очекува добар настап , физичката форма моментално е околу 70% ,а во наредните две недели се очекува да дојде до максимални 100%.

Killer инстинктот се очекува да проработи и победата се очекува со нокаут во стојка.Спремен и за борба во партер како и секогаш но овај пат главната стратегија е во stand up и удирачки техники каде има многу подобрување.

Се надеваме на максимална поддршка која е многу битна за нашиот борец за успешно продолжување на неговата спортска кариера.

loading...