Search
понеделник 26 август 2019
  • :
  • :

Најчевска: Нема ни случајно да гласам на следните избори, макар тоа да значи и враќање на Груевски ( врати се златен Грујчо)

Професорката Мирјана Најчевска ги коментира серијата вработувања во државните институции на лица кои се роднини или деца на високи функционери. Во врска со синот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, кој бил вработен во ЕЛЕМ, Најчевска вели дека не е прашање дали ги исполнувал условите во конкурсот, туку прашањето е зошто да биде вработен баш синот на пратеничката.

„Доколку имало еден единствен кандидат, кој на еднакво ниво ги исполнувал условите, требало да биде избран тој кандидат, а доколку имало некој кој во нешто (макар и најмалото нешто) бил подобар, тогаш тој кандидат морал да биде избран. Нема ни случајно да гласам на следните избори. Макар тоа да значи и враќање на Груевски“, пишува Најчевска.

Откако Стојчевска изјави за медиумите дека не знаела за нејзиниот син, Најчевска прокоментира дека тоа не е возможно.

„Адеми не знаел за сестра му, госпожата не знае за синот.
Заклучок: во Македонија имаме голем проблем со дисфункционални семејства во кои најблиските роднини не комуницираат меѓу себе, меѓутоа по некоја случајност успеваат да се вработат на места кои носат големи примања.
Ова е некој посебен феномен кој треба да биде добро истражен“, пишува професорката.

loading...