Search
среда 19 февруари 2020
  • :
  • :

Најчевска: ДУИ СЕ БАНДА КРИМИНАЛЦИ И НЕ ДРЖАТ ПОД ЗАЛОЖНИШТВО

Како што реков: ДУИ е банда на криминалци кои ги држат во заробеништво сите граѓани во Република Македонија.
Нивното делување се сведува на два вида активности:
1. Прво, активности кои се директно насочени кон остварување личен бенефит и профит со легализација на крадењето, измамите, рекетот, дискриминацијата, уништувањето на животната средина, корупцијата, заканите, … Секое министерско место, секое директорско место, секое амбасадорско место, секое градоначалничко место, секое пратеничко место, … се предмет на купување и продавање, имаат цена и однапред предвидени обврски кон главата на криминалното здружение.
2. Второ, активности кои се насочени кон дигање магла со која се затскриваат крадењето, измамите, рекетот, дискриминацијата, уништувањето на животната средина, корупцијата, заканите, … Секоја националистичка изјава или наводно постигнување на повеќе јазични, културни или идентитетски права за Албанците во Македонија се само прашина во очите на истите тие луѓе за да не видат кога ги крадат, мамат, рекетираат, дискриминираат, корумпираат, им се закануваат и им ја уништуваат средината во која живеат.

Дуи е мафијашки организирана и на нејзиното чело се наоѓа кум – Али Ахмети кој ги понижува, омаловажува, казнува или наградува своите потчинети.

Во моментов Собранието нема претседател туку потрчко на Али Ахмети, кој му слугува на кумот, му принесува вода, му пали цигари, му ја сецка храната во чинија, а можеби му ги мие и нозете (ова последново уште не е направено ред очите на јавноста).

Граѓаните на Македонија нема да излезат од ќенефот во кој се наоѓаат се додека ДУИ има влијание во управувањето со државата и одлучување од позиција на владејачка структура.

ПОДНЕСОВМЕ 5.000 АМАНДМАНИ НА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК, КАЖА АРТАН ГРУБИ

ПОДНЕСОВМЕ 5.000 АМАНДМАНИ НА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК, КАЖА АРТАН ГРУБИ

Пратеникот на ДУИ Артан Груби кажа дека неговата пратеничка група поднела речиси 5.000 амандмани на предложените измени на Изборниот закон. Според предложените измени, поднесени од група пратеници од помалите партии и независни пратеници, а поддржани од владејачката СДСМ, се менува изборниот модел од шест изборни единици во една изборна единица.

loading...