Search
среда 26 февруари 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Нај учтиво Ве молиме откажете се од Вашите градителски експерименти со УКИМ, зошто место Вашите столбови УКИМ од Вас доби само еден колец.

Grupa Opstestveni grupaopstestveni@gmail.com

6:40 PM (4 hours ago)

to me
Почитуван Ректоре,
Поттикнати од сите случувања на УКИМ кои не придонесоа за ништо добро, туку само за рушењето на нашиот имиџ, како и Вашата најава за кандидатура за уште еден мандат, Ви се обраќаме со ова отворено писмо.
Не загрижува тоа што отворено Ве повикуваат да дадете одговори на важни прашања, а Вие тоа го одбивате. Наместо одговори кои сите ги очекуваа, Вие во емисијата “Што не е јасно” ни појаснивте само едно нешто, дека најјасна и најважна од се е Вашата желба за уште еден мандат. За нас како професори на општествените науки важно е рангирањето на  Скопус, но едновремено и на Вебометрикс за кој во изминатите години се пишуваше во повеќе наврати (особено од нашите студенти и колеги од Радио МОФ, ЦивилМедиа и други). Ректоре, покрај останатото крајно сме разочарани и од драстичниот пад на УКИМ на скалата на Вебометрикс за време на Вашиот мандат. Ова ќе има сериозни реперкусии на нашата универзитетска лична карта, особено при легитимирањето на Универзитетот пред странски партнери и апликации за проекти во странство. Накратко, УКИМ во 2006 беше рангиран на 2162 место и за 10 години, до 2016 се искачи за 966 места, односно во 2016 беше рангиран на 1196 место. Во јануари 2020, УКИМ е рангиран на 1606 место, односно под Ваше раководство, само за три години УКИМ падна за 410 места. Како што не информираше нашата сенаторка, за ова прашање имало обид од сенатори да се расправа на седница на Сенат, но Вие расправа не сте дозволиле. Затоа ректоре, веројатно и ова ќе заврши без Ваш одговор, како и се останато. Аргументиран одговор од Вас не очекуваме, зошто такво нешто за време на Вашиот мандат не сме виделе.
Во емисијата за почетокот на Вашата изборна кампања најавивте дека УКИМ ќе го градите врз четири столбови, па затоа имаме само една молба. Најучтиво Ве молиме откажете се од Вашите градителски експерименти со УКИМ, зошто место Вашите столбови УКИМ од Вас доби само еден колец.
Група професори од општествените науки
loading...