Search
среда 17 јули 2019
  • :
  • :

НАЧАЛНИЦИТЕ ВО ПАНИКА: Ветингот ќе ги опфати сите вработени во МВР – ќе се проверуваат имотот и дипломите!

и така Стево го играат…

Ветингот ќе ги опфати сите вработени во МВР – кажа денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Со  овој процес ќе се проверува стручното образование на сите припадници на МВР, нивниот интегритет, ќе се проверува колкав имот имаат и кога го стекнале и дали биле вклучени во евентални криминални дела.

„Ние покренавме многу постапки за фалсификување на дипломи. На многу од вработените во МВР кои на тој начин имаа извршено злоупотреба, им беше прекинат работниот однос. Но има и луѓе кои имаат поголем имот од повеќе бизнисмени кои долги години се занимаваат со бизнис“.

Токму поради тоа ветингот мора да ги утврди овие факти.Иако во моментов постои таква можност и УЈП може за секое лице во државата да отвори процес на контрола на имот и да се утврди на кој начин е стекнат ние со ветингот ќе собереме докази и ако се утврди ќе биде разрешен“ кажа Спасовски.

Процес на селекција на кадрите ќе се спроведува и во новата Агенција за национална безбедност. Комисијата која треба да ги селектира кадрите се уште не е формирана.  Избран е само еден пратеник – Трајче Димков, а Артан Груби се повлече од оваа функција. Освен пратеници, во комисијата која ќе ги испитува сите досиеја на припадниците на тајната полиција ќе има и  двајца членови од МВР, двајца од Синдикатот, и директорот на Националната агенција.

Освен за во полицијата, ветинг се најавуваше и во судството и во Обвинителството.Но и покрај поддршката што за ваква проверка на судиите и на обвинителите ја дадоа првите луѓе на Кривичниот суд и на Јавното Обвинителство не се презеде ништо конкретно.

Спасовски кажа дека се надева дека по ветингот во МВР и другите институции чија задача е спроведување на законот ќе „имаат интерес за ваков ветинг процес со кој ќе се зајакне професионалноста, интегритетот на градење систем кој нема да зависи ниту од политиката ниту од политичарите туку систем кој ќе ја штити прваната држава“.

На прашањето дали во тајната полиција имало и т.н двојни агнети кои работеле за друга држава, Спасовски кажа дека тоа треба да го утврдат комисиите.

„Да не шпекулираме за да бидеме атрактивни во медиумите, туку да почекаме тоа да  утврди врз основа на докази“ кажа Спасовски.

 

loading...