Search
петок 6 декември 2019
  • :
  • :
Најнови Вести

Началникот на СВР Охрид Сашо Смилевски ,дозволил дивеење на товарни возила низ чаршијата во Охрид.

СВР Охрид , со амин на началникот Сашо Смилевски ,дозволило противзаконско движење на сообраќај на приватна фирма на тешки товарни возила ,на улица „Климентов Универзитет“ – централна Охридска Чаршија,нешто за што ОхридСкај обзнани на ден 29-11-2019 година ,под наслов „СКАНДАЛ: Камиони фрчат по охридската чаршија во трка по советнички гласови“.

На ден 29-11-2019 година , се обративме до СВР Охрид и запрашавме ,како е возможно движење на тешки товарни возила , низ улица „Климентов Универзитет“? Тогаш ,добивме одговор ,дека изведувачот на градежните активности , имал добиено дозвола од Општина Охрид за непречено движење по Охридската чаршија на тешки товарни возила , за потребите на изградба на градежен објект во Охридска чаршија!?

СВР ОХРИД ПРИКРИВА КРИМИНАЛ СО ЛАЖЕЊЕ НА ЈАВНОСТ ?!

Вистината колку да се сокрива , та аизлегува на површина. Реадкцијата ОхридСкај ,се обрати до градоначалникот на Општина Охрид , кого го запрашавме :

1.Кој издал Решение за градба на улица Климентов Универзитет, објект (Вангел Деребан) Охридска Чаршија, број на решение , како и датум на негово издавање и правосилност?
2.Кој издал одобрение за движење на тешки товаарни возила по улица Климентов Универзитет , под кој број е истото заверено во книгите на Општина Охрид ,како и кој  епотписник на исто решение, како и дали воопшто инвеститорот поседува такво одобрение за движење низ улица Климентов Универзитет?.
Од општина Охрид ,веднаш го дадоа следниот одговор:
  • „1.Издавањето на решение за градба на улицата „ Климентов Универзитет“ (куќа на Деребанови), како дел од заштитеното старо градско јадро е  во надлежност на Министерството за транспорт и врски.
  • 2.Општина Охрид, нема издадено одобрение за  движење на тешки товарни возила на улицата „Климентов Универзитет“ , стои во одговорот на Општина Охрид .

Редакцијата ОхридСкај , по писмен пат се обрати до СВР Охрид , барајќи одговор на следното прашање:

-„Кој има издадено одобрение за движење на тешки товарни возила на Улица Климентов Универзитет (Охридска чаршија)

Реадкцијата Охридскај во врска поставеното прашање , го побара и телефонски портпаролот на СВР Охрид , кој ни даде кус одговор дека имал проблем со компјутерот , ама кога ќе го видел ,ќе ни одговорел?!

СВР ОХРИД ФАТЕНИ ВО ЖИВ ПЕСОК , ТОНАТ ВО ЛАГИ А СОКРИВААТ КРИМИНАЛИ?!

Доколку на портпаролот на СВР Охрид има „проблем“ со компјутер за да одговорат на едноставно прашање , нејасно е како од како е испратена електорнската пошта со барање на одговор за криминалниот скандал со уништувањето на плочникот на Охридката Чаршија , портпаролот Димоски , нема компјутерски проблем за да ни испраќа соопштенија за објава за „успесите“ на СВР Охрид во борбата против криминалот, и тоа две последователни соопштенија?!

Општина Охрид , која е надлежна за издавање на согласност за движење на тешки товарни возила , а и други возила низ Охридската Чаршија , видно од нивниот одговор нема издадено одобрение за  движење на тешки товарни возила на улицата „Климентов Универзитет“. За напомена , движење на секаков вид на возила низ Охридска Чаршија , улица „Климентов Универзитет“ е строго забранет со посебниот Закон за старото јадро на Охрид. Улицата „Климентов Универзитет“ поплочена е со плочки од Гранит , кој имаат во поголем дел претрпено тешки оштетувања ,а само 1 мкв од овие плочки изнесува над 600 евра , а се работи за површина од неколку илијади метри квадратни ,кој се оштетуваат од тешките терени возила , кој против законски некој од СВР Охрид , му дозволил движење?!

Реадкцијата ОхридСкај се обрати и до ЈП „Охридски Комуналец“ во чија надлежност е и оддржувањето на Охридската Чаршија , поточно улицата „Климентов Универзитет“.

Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ е дециден, дека ниту некој побарал согласност од ЈП Охридски Комуналец , ниту со некој е потпишан договор ,како што е законски изгласано од Совет на Општина Охрид .

ЗОШТО СВР ОХРИД ОДОБРИЛА ДВИЖЕЊЕ НА ТОВАРНИ ВОЗИЛА НИЗ ОХРИДСКА ЧАРШИЈА?КОЈ ПРОФИТИРАЛ?!

Дали случајно или не , полициската дозвола за движењето на тешките товарни возила низ Охридската Чаршија , се поклопи со седницата на Совет на Општина Охрид , каде точка на дневен ред ,беше Избор на Командир на ПС од ОН Охрид , каде прсдуден глас за негов избор ,беше токму гласот на советникот , кој е сопственик на фирмата изведувач на градежни активности?Дали ваквата дозвола за камионско дивеење низ Охридската чаршија, беше токму дил за да се изгласа Командир на ПС од ОН Охрид , и дали граѓаните на Охрид ,се заложници на полициско-урбана мафија?!

Одделот за Внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР , треба веднаш да ја испита по кој Закон за Полиција работел началникот Смилевски во конкретниот случчај и зошто не превземал мерки согласно Закон?

Јавното Обвинителство да покрене истрага , по примена на Институт ДОПРЕН ГЛАС.

Д.С.

ОХРИД СКАЈ

ЛИНК

loading...