Search
среда 17 јули 2019
  • :
  • :

На каков мобилен зборува Заев?

По наседнувањето на пренковите од страна на руските комичари и потврдата на Зоран Заев дека често се служи со неофицијална комуникација со колегите од странство, премиерот го покажа својот смартфон Samsung Galaxy S10 Plus кој доаѓа со безбедносниот систем Knox, објави „Телефони“

Познавачите велат дека ваквиот смартфон може да ги одбие несаканите упади во комуникацијата. Knox системот за безбедност и енкрипција на Samsung нуди дополнителна заштита на оперативниот систем и прави проверка на самиот код па така се смета дека е посигурен од вообичаените Android смартфони кои немаат ваков дополнителен слој на заштита.

Сепак, Заев  вели дека не станува збор за нарушување на безбедноста на неговиот смартфон, туку снимање на разговорот од страната на двајцата руски шегаџии.

loading...