Search
среда 13 ноември 2019
  • :
  • :

Можно е по предметите од СЈО пак да бидат обвинители Фетаи, Ристоска, Стефанова…

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески изјави дека по преземањето на предметите од СЈО и евентуално донесување на Законот за јавно обвинителство ќе се одлучи кои обвинители ќе постапуваат по предметите и не е исклучена можноста и досегашните обвинители да постапуваат по предметите.

„Јавното обвинителство беше известено дека јавните обвинители од СЈО се овластени да ги достават предметите во ЈОРСМ. Следи взаемно договарање околу техничките детали за предавање на предметите, моментот и редоследот. По пристигнување на предметите и нивно распределување по обвинителствата, постапувањето од страна на ЈО ќе тече согласно законските надлежности. Се надеваме дека процесот ќе тече брзо“, вели Јовески.

Советот на јавни обвинители, како што истакнува Јовески, после 15 септември треба да одлучи за статусот на јавните обвинители и нивното враќање во матичните обвинителства со оглед дека функцијата јавен обвинител во тие обвинителства им мирува.

„Доколку се донесе нов Закон за Јавно обвинителство, во него сигурно има одредби за нивниот статус. По преземањето на предметите и евентуално донесување на Законот ќе се одлучи кои обвинители ќе постапуваат по предметите, не е исклучена можноста и досегашните обвинители да постапуваат по предметите“, вели државниот јавен обвинител Јовески за МИА.

loading...