Search
понеделник 17 јуни 2019
  • :
  • :

Морничава снимка од градинка! Воспитувачка фрла девојче низ собата

Роднините на едно тригодишно девојче од Мисури, САД, велат дека прво им било кажано дека девојчето се повредило кога паднало, но снимката од видео-надзорните камери, јасно покажуваат како воспитувачката го фрла детето накај плакарите.

Девојчето е повредено на 1-ви февруари, во Сент Луис. Ја однеле во болница, каде морале да ја шијат со седум шевови.

Семејниот адвокат вели дека не знаеле што навистина се случило. За морничавиот настан дознале пет дена подоцна, кога ги погледнале снимките од видео-надзорните камери и тоа со директорот на градинката.

Воспитувачката е отпуштена, а полицијата и државните работници за грижа на деца, го истражуваат случајот.

loading...