Search
петок 20 септември 2019
  • :
  • :

Моја Македонијо!

Моја Македонијо!
Еј моја убавице, моја маченице,
моја вистино моја судбино..
Прошетав други градови, видов раскошни држави,
позлатени џамии, цркви скапоцени,
катедрали мермерни.. Но пак тебе ти се враќам
пак ми се најдраги твоите сокаци,
стари куќи со чардаци,
кафе да пијам на миндери,
в мерак да седам, тебе да те гледам..
Еј моја татковино, моја маченице моја убавице..
Те сакам таква каква што си,
малечка но убава,
со топла душа
и уште потопла прегратка
на која секогаш и се радувам кога од туѓи земји пристигнувам.
Еј моја Македонијо,
видов дворци позлатени
но никаде нема поубави од нашите цркви и џамии,
стари со векови и раскошни како шти си ми ти!
Еј наша Македонијо земјо на сите народи
нека ти се множат годините нека ти се бројат вековите.
Нека си секогаш мајка на сите,
земја на раскошни бои,
различни народи
а сепак толку исти и блиски, исконски..
Еј наша Македонијо
овде најсилно сјае сонцето!
Македонка Коцева

Фотографија на Makedonka Koceva.

loading...