Search
среда 26 февруари 2020
  • :
  • :
Најнови Вести

Мизрахи: И да бидам казнета, таблата не ја менувам

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска повторно застана на прес-конференција пред таблата со старото уставно име Република Македонија и порача дека друга табла во Министерството нема, дека ниту видела вербална нота од Грција ниту, пак, стравува дека поради овој нејзин потег ќе биде казнета.

„Јас не сум Мила Царовска. Јас сум Мизрахи. Тука никогаш не најдов банер со Северна Македонија. Ова е единствената табла на Министерството за труд и социјална политика и тука ќе се држат сите прес-конференции“, рече Мизрахи додавајќи дека ниту размислува да постави банер со друго име ниту стравува од последици кон неа и кон државата за непочитувањето на обврските од Преспанскиот договор.

„Какви последици? Кон мене? Од твит? Па јас немам Твитер. Или од вербална нота? Новинари, вие сте писмени, проверете што тоа е вербална нота, која јас никогаш не ја видов“, изјави Мизрахи коментирајќи ги реакциите од Грција на неспроведувањето на Преспанскиот договор.

Мизрахи, одговарајќи на новинарско прашање, негира дека објавила стари фотографии од нејзината претходничка со старата табла за да покаже дека друга табла во Министерството не постои, иако проверката што ја направи „360 степени“ покажа дека тие се направени пред да стапат во сила Преспанскиот договор и уставните измени.

„Ако кршам некаков закон, нека бидам казнета“, рече Мизрахи.

loading...