Search
понеделник 26 август 2019
  • :
  • :

Мицковски до Заев: Ама јеби га, ти на нива си бил кога тоа се учело

Ивор Мицковски жестоко реагира на изјавата на премиерот Зоран Заев во интервјуто за грчката ТВ „Алфа“ дека сме ја присвојувале туѓата историја.

– Заев: Светска, балканска и туѓа историја присвојувавме како своја.
Оф бе Зоки, па секоја нација е халуцинација, базирана на митови и преувеличени историски посебности. Така имаш мит за Венеција, мит за Дубровник, романтичарскиот мит за Грција, мит за Нацијата, култ кон Нацијата.
Идејата е од повеќе конфликтуални идеологии, да се обедини нацијата ако може околу една, доминантна нарација.
Затоа некад има и поделби или граѓански војни.
Ама јеби га, ти на нива си бил кога тоа се учело.
Не тропај за работи што не ги разбираш, и ако веќе сме држава, нација, тогаш мораме да имаме колку-толку усогласена верзија околу националниот идентитет.
И да не тропаш како само ние да сме присвојувале.
Можеме и да немаме усогласеност, и да се делиме ко мајмуни, додека вие политичарите профитирате од тоа.
Ама нели помирување ќе правевте.
Абе Зоки, и атомот неделив бил пред 70 години, ама само затоа што не знаевме, пишува Мицковски на Фејсбук.

loading...