Македонија

Мицковски: До овој момент немам добиено никава покана од обвинителството

Македонија

Заболени
11,554
Мртви
519
Излечени
7,607
Активни
3,428
Last updated: 08/08/2020 - 04:41 (+02:00)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во вестите на телевизија 24 по се погласните закани од страна на обвинителството и власта за кривична одговорност откако тој на прес конференција изјави дека ги поседува исказите од истрагата за „Рекет“, порача дека не се плаши и дека е тука доколку власта се одлучи да го апси.

Тој истакна дека доколку истрагата за ,,Peкет“ и натаму се забошотува, опозицијата ќе ги објави исказите на сведоците добиени од свиркач.

-До овој момент немам добиено никава покана од обвинителството за гонење на организиран kpиминал и kopупција, но во епицентарот на заевизмот од Зоран Заев, Вилма Русковска и Кацарска очекувам да Зоран Заев нареди, Вилма Русковска испорача, а Кацарска пресуди. Така што тука сум, гонете, обвинувајте, апceте, вели Мицкоски. Претсседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцира дека тој на никаков начин не влијаел на истрагата. -Доколку ние бевме Зоран Заев и организиравме воајерски шоуа кога ќе ги емитувавме тие документи, тогаш можеби би влијаеле на истрагата, додаде тој.

loading...
Види повеќе

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button
Close
Close

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker