Search
понеделник 24 јуни 2019
  • :
  • :

Мицкоски: Заев да не праќа посредници, ВМРО-ДПМНЕ не се пазари преку медиуми (ние се пазариме само директно и на само)!

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Дојче Веле му порача на премиерот Зоран Заев да не испраќа посредници по телевизии, бидејќи партијата што ја предводи, како што вели тој, не се пазари преку медиуми. Ваквата реакција на претседателот на опозициската партија следува по предлогот на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски до ВМРО-ДПМНЕ да отстапи двајца пратеници за двотретинско мнозинство за уставните измени, за да не мора Беса да го уценува владеачкото мнозинство со „националистички барања“ во уставните измени.

„Пандорината кутија во овој процес ја отвори Зоран Заев и препорачувам од него да се бараат одговори за ваквата ситуација, а не од ВМРО-ДПМНЕ. Веројатно, Заев од премногу дриблање почнува да си дава и автоголови и да праќа посредници, што само ја покажува неефикасноста на целиот процес и неприродниот и насилен начин на кој сака да дојде до целта“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски не очекува други пратеници да ги прифатат уставните измени за промена на името, одговарајќи на прашањето за можноста пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да ги надоместат гласовите кои се доведени во прашање со условите на Беса.

„Свесен дека драматично губи кај македонскиот електорат, не исклучувам ваквото јавно пазарење со некакви нови политички барања да биде дел од процес каде премиерот би сакал да капитализира кај Албанците и тоа преку демагогија, а не преку конкретни решенија за подобар живот. Едноставно, сите знаат дека човекот се занимава со уцени и пазарења, и нормално е да пробуваат да земат и бараат повеќе од него“, смета Мицкоски.

 

loading...