Search
сабота 22 февруари 2020
  • :
  • :

Мицкоски нема да оди на лидерската средба со Заев

Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференија рече дека не гледа причина да присуствува на лидерската средба која ја побара Заев.

„Не ја гледам потребата од присуство на средба на која ќе се разговара за се, а нема да се разговара за тоа што и треба датум на Македонија за предвремени избори“, истакна Мицкоски.

Тој, потенцираше дека работни групи од ВМРО – ДПМНЕ, работат со работни групи од СДСМ по повеќе прашања, односно по трите теми кои ги предложил премиерот Заев за лидерската средба.

По трите прашања работните групи имале дијаметрално противни ставови, истакна Мицкоски.

loading...